Тениски Клуб - Архива

 

Меѓународен Тениски Камп - Прилеп 2009

 

Тениски Клуб „Маркови Кули“- Прилеп организира Меѓународен Тениски Камп за натпреварувачи во категориите од 12, 14, 16 и 18 години, за јуниори и јуниорки, со почеток од 21 јуни до 19 јули.

 

I камп од 21 јуни до 28 јуни

 

II камп од 28 јуни до 5 јули

 

III камп од 5 јули до 12 јули

 

IV камп од 12 јули до 19 јули

Во кампот ќе учествуваат квалификувани натпреварувачи од повеќе земји и тоа од Србија, Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и Словенија.

 

Од Македонија ќе учествуваат:

 

- Илија Мартиноски -АТП играч и David Cup, ранк 814 - 1989

 

- Александар Јорданоски - АТП играч - 1992

 

- Мартин Илиески - АТП играч - 1991

 

- Антонио Ацески - ТЕ играч, под 16 години - 1994

 

- Галиб Мекиќ - ТЕ играч, ранк 194 под 14 години

 

- Тарик Мекиќ - ТЕ играч под 16 години

 

Цената на 7 дневниот камп со комплетен пансион и тренинг програма е 150 евра.

 

Во месец Мај 2009 год. Спортскиот Комплекс Маркови Кули во соработка со Агенцијата за спорт и млади, Сојуз на училишен спорт, Тениската Федерација на Македонија, Тениски Клуб Маркови Кули, Бадминтон Клуб Прилеп, организира презентација на два нови спортови: мини тенис и бадминтон. Презентација се одвива на терените на СРЦ „Маркови Кули“ со сопствени тренери и сопствена опрема која е специјална за овие спортови.

 

Презентацијата е извршена на децата од 4-6 годишна возраст од сите градинки во Прилеп, и во основните училишта на учениците од I-IV одделение.

 

Учениците низ игра се едуцираа, спортуваа и се забавуваа.

 

 

Активности на членовите на Т.К. „Маркови Кули„ - Прилеп во месец Април 2008

 

Гостување на клубот во Грција (двомеч) со клубовите од Науса и Птолемаида.

Натпреварите ќе бидат во сите категории.

 

Учество на регионални турнири во категориите до 12, 14 и 16 годишна возраст во Охрид и Неготино

 

- Елена Тимова, Антонио Ацески и Сара Стојаноска ќе се натпреваруваат на отворени првенства на Македонија до 14 и 16 годишна возраст.

- Александар Јорданоски ќе настапи на два турнири од календарот на Tennis Europe до 16 години во Р.Србија (Нови Сад и Панчево).

- Мартин Илиески ќе настапи на два турнири од календарот на ITF (светска тениска федерација) до 18 години во Р.Бугарија (Пловдив и Хасково).

- Илија Мартиноски ќе настапи во DAVIS CUP репрезентацијата на Македонија против репрезентацијата на Холандија.

 

 

Гости од Бугарија

 

Во деновите 17, 18 и 19 Октомври на терените на тенискиот клуб се одржаа пријателски натпревари со гостите од Тенискиот Клуб „Пирин“ - Благоевград. Се изиграа преку 30- тина мечови во единечни и двојки. Се играше на 4 терени преку целиот ден. Едноставно целта беше дружење и забава.

 

По желба на гостите се направија неколку прошетки до градот Крушево и организирано беше шетање низ центарот на градот Прилеп и посетата на Марковите Кули. Беа посетени повеќе културни знаменитости и споменици, како што се спомениците на Александар Македонски и Итар Пејо.

 

 

На крајот со желба за следно видување беа испратени гостите со една заедничка слика.