Пливачки Клуб

 

 

Пливачки клуб - Маркови Кули

 

Историјат на Пливачкиот клуб:

Пливачкиот Клуб „Маркови Кули“- Прилеп е основан 1998 година во месец Август на иницијатива на поранешните пливачи од нашиот град, професори по физичко воспитување, родители, децата.... Оваа година е 10 години од постоењето на Пливачкиот Клуб.

Клубот е активен сезонски во месец Јули и Август.

Тренинзите се одржуваат во големиот 50 метарски базен и во малиот 15 метарски базен.

 

Најистакнати резултати се:

 

Во 2001година:

Учество во пионерска конкуренција на Малиот Охридски пливачки маратон на 2,5км

1. Дарко Ацески со постигнато време од 48 минути.

 

Во 2002година:

Учество во категорија на помлади пионери на Малиот Охридски пливачки маратон на 2,5км

1.Марко Богданчески со постигнато време од 49 минути;

Учество во категорија на постари пионери на Малиот Охридски пливачки маратон на 2,5км

2. Михаил Јованоски со постигнато време од 48 минути;

3. Дарко Ацески со постигнато време од 54 минути, за кого ова беше второ учество.

 

ШКОЛА ЗА ПЛИВАЊЕ

Земено во просек Прилеп има многу непливачи, па поради тоа ние секое лето превземаме акција со која на базенот цела сезона ќе работи школа за пливање, во траење од 10 дена. Обуката се изведува во малиот базен со специјални памагала-плути за обука во пливање за секое дете.